Јунајтед потроши милијарда евра на засилувања од заминувањето на Фергусон!

Фото: EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Кога Мојс беше заменет од Луј Ван Гал, сопствениците на Јунајтед решија да го кренат клубот од бездната во која одеднаш се најде, со намера на пазарот да направат поголеми трансфери.

Манчестер Јунајтед потроши нереална бројка од над милијарда евра на трансфери од пензионирањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година!

Кој е епилогот за трошоците за над милијарда евра? Ангажирање на 37 играчи на „Олд Трафорд“, беа сменети четворица тренери менаџери и освоија три трофеи – еден ФА Куп, еден Лига Куп и еден во Лига Европа. Премалку за еден таков голем клуб..

Откако Фергусон реши да се повлече од позицијата стратег на „црвените ѓаволи“, Манчестер внимателно одбра кој може да го наследи, па на негово место дојде Дејвид Мојс, тогаш докажан експерт кој го водеше тимот на Евертон на многу стабилен начин со ограничен буџет, но добар избор.

Фото: EPA-EFE/Julian Finney/POOL

Сите се надеваа дека Мојс ќе ја продолжи успешната ера на Фергусон, но тоа не се случи. Тој потроши најмалку на трансфери, па за време на неговиот мандат беа донесени Маруан Фелаини (29 милиони фунти) и Хуан Мата (40 милиони фунти).

Кога Мојс беше заменет од Луј Ван Гал, сопствениците на Јунајтед решија да го кренат клубот од бездната во која одеднаш се најде, со намера на пазарот да направат поголеми трансфери. Дури ни тогаш, Манчестер јунајтед не блескаше на терените..

Од 2014 до 2016 година беа доведени Анхел Ди Марија (67,5 милиони фунти), Лук Шоу (33,75 милиони), Андер Ерера (32,4 милиони), Маркос Рохо (18 милиони), Дејли Блинд (15,75 милиони), Радамел Фалкао (позајмица), Виктор Валдес (слободен агент), Ентони Марсијал (54 милиони), Морган Шнајдерлин (31,5 милиони), Мемфис Депај (30,6 милиони), Матео Дармијан (16,2 милиони), Бастијан Швајнштајгер (8,1 милиони) и Серхио Ромеро (слободен агент).

Потоа дојде Жозе Мурињо, кој исто така не штедеше, односно газдите не штедеа, а тој бараше доста. До 2018 година се редеа трансферите, но трофеите со тој интензитет не дојдоа.

фото: твитер

За нешто повеќе од две години беа ангажирани Пол Погба (89 милиони фунти), Хенрик Мхитарјан (30 милиони фунти), Ерик Бејли (30 милиони фунти), Златан Ибрахимовиќ (слободен агент), Ромелу Лукаку (75 милиони фунти), Немања Матиќ (40 милиони), Виктор Линделоф (31,5 милиони), Алексис Санчез (замена), Мет Ковар (слободен агент), Фред (52 милиони), Диого Дало (19,8 милиони) и Ли Грeнт (1,5 милион).

По заминувањето на Мурињо, дојде Оле Гунар Солскјер, сегашниот менаџер. Се почувствуваше таа енергија слична кога Мојс потпиша да го води клубот. Навивачите се надеваа дека тој ќе ја донесе потребната сила за да го врати Јунајтед на самиот врв, но повторно сликата не е најдобра.

фото: твитер

Дојдоа Хари Мегваер (80 милиони фунти), Арон Ван Бисака (50 милиони фунти), Даниел Џејмс (18 милиони фунти), Бруно Фернандеш (67 милиони фунти), Одион Игало (позајмица), Дони ван де Бек (39 милиони фунти), Алекс Телеш (13,5 милиони), Факундо Пелистри (слободен агент) и Единсон Кавани (слободен агент).

Голем број играчи поминаа низ „Олд Трафорд“, но не и бројот на трофеи на кои се надеваа навивачите на овој голем премиерлигашки клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот