Јунајтед попушти, плаќа рекордна сума за Мегваер – Слободен печат
СпортФудбал

Јунајтед попушти, плаќа рекордна сума за Мегваер

Оле Гунар Солскјер конечно ќе го добие посакуваното засилување во одбраната.

Манчестер јунајтед конечно ја заврши потрагата по дефанзивец, откако директорот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд одлучи да ги плати бараните 90 милиони евра за Хари Мегваер и да го собори светскиот рекорд за ангажман на дефанзивец.

Англискиот репрезентативец беше првиот избор на менаџерот Оле Гунар Солскјер но преговорите со управата на Лестер не беа воопшто лесни.

Јунајтед нудеше 70 милиони евра, додека управата на Лестер не отстапи од сумата од 90 милиони евра и на крајот Вудворд се согласи да ја исплати бараната сума и да го направи Мегваер најскап дефанзивец во историјата на фудбалот.

Досегашниот рекорд го држеше Вирџил ван Дијк за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти (85 милиони евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close