Јунајтед одбива да го продаде Лукаку на Интер

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Англискиот премиерлигаш на Манчестер Јунајтед сè уште ги одбива налетите на Интер кој сака да го купи Ромелу Лукаку. Јунајтед ја одби и последната понуда од италијанскиот тим во висина од 60 милиони евра, тие бараат најмалку 80 милиони за да се разделат со белгискиот репрезентативец.

– Знаете дека го сакам Лукаку во мојот тим. Кога бев тренер на Челси од 2016 до 2018 година сакав да го доведам во мојот тим. Мислам дека Лукаку може да игра уштеподобро, но засега тој е фудбалер на Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи во иднина – изјави Антонио Конте, тренерот на Интер кој го означи Лукаку како примарна цел во летниот преоден рок.

Ромелу Лукаку во 2017 година пристигна во Манчестер јунајтед од Евертон за сума од 84 мииони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот