Јунајтед одбил сензационална понуда за размена на играчи со ПСЖ - Слободен печат
СпортФудбал

Јунајтед одбил сензационална понуда за размена на играчи со ПСЖ

Информацијата е на весникот „Индипендент", кој додава дека од „Олд Трафорд" веднаш ја отфрлиле оваа можност.

Од раководството на Пари Сен Жермен оствариле контакт со  своите колеги од Манчестер Јунајтед, за да му предложат на англискиот клуб директна размена меѓу незадоволните ѕвезди на двата тима – Нејмар и Пол Погба.

Информацијата е на весникот „Индипендент”, кој додава дека од „Олд Трафорд” веднаш ја отфрлиле оваа можност.

Причините за одбивањето се две. Прво, во Јунајтед сметаат дека трансакцијата ќе излезе премногу скапа за клубот поради високата плата на Нејмар.

Изданието тврди дека платата на Бразилецот во моментов изнесува 900.000 фунти неделно, што е речиси два пати повеќе од највисоката плата во Јунајтед. Ова ќе создаде големи проблеми во соблекувалната на англискиот клуб. Второ, извршниот потпретседател на Јунајтед Ед Вудворд се уште сака Погба да остане во тимот.

Најверојатната дестинација за Нејмар, кој очигледно сака да го напушти ПСЖ, останува враќање во Барселона, но по се изгледа дека во Париз веќе имаат тенденција да се разделат со Бразилецот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close