Јунајтед најде супер замена за Де Хеа

Манчестер јунајтед го очекува бурно лето во обидот да ги натера двете најголеми ѕвезди на екипата, Пол Погба и Давид де Хеа да останат на „Олд Трафорд“.

Иако и двајцата играчи на Јунајтед јавно побараа да бидат продадени засега клубот се обидува да ги избрка заинтересираните екипи со големо обесштетување кои го бара. Цената за Погба изнесува  околу 170 милиони евра доколку бидат вклучени играчи како размена или 150 милиони евра само како обесштетување.

Токму поради големите апетити на управата, Реал Мадрид и Јувентус полека го губат интересот за францускиот репрезентативец и се вртат кон далеку поевтини опции како што се Кристијан Ериксен од Реал Мадрид и Федерико Киеза од Фиорентина.

За разлика од Погба каде засега тактиката вродува со плод, за Давид де Хеа, ПСЖ е подготвен да ги плати бараните 80 милиони евра.

Според телевизијата ЕСПН, Манчестер јунајтед веќе најде супер замена за шпанскиот репрезентативец. ЕСПН објави дека голманот на Атлетико Мадрид и еден од најдобрите голмани на светот, Јан Облак побарал од управата на шпанскиот тим да го продаде на Манчестер јунајтед. Менаџерот на голманот веќе имал состанок со претседателот Ед Вудвард на кој му било порачано дека Облак со задоволство би го наследил Де Хеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот