Јунајтед на чекор до екстра засилување, Де Јонг се согласи да си замине од Барса

Френки де Јонг си оди од Барселона/фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Холандскиот репрезентативец донесе конечна одлука, ќе си замине од Барселона и најверојатно ќе се пресели во Манчестер јунајтед.

Управата на Барселона веќе извесно време се обидува да го убеди Де Јонг да го стави на трансфер листата и на крајот успеа во намерата, Холанѓанецот се согласил да си замине од „Камп Ноу“ и да се пресели во Манчестер јунајтед каде повторно би работел со Ерик тен Хаг кој му беше тренер во Ајакс.

Барселона се наоѓа во финансиски проблеми, не може да ги регистрира договорите на Андреас Кристенсен и Френк Кеси кои дојдоа како слободни играчи и поради тоа е приморана да го продаде Де Јонг за кого може да добие највеќе пари.

Се очекува Јунајтед да го плати обесштетувањето што Барселона го бара, 75 милиони евра кои шпанскиот тим би ги искористил за да го донесе Бернардо Силва од редовите на англискиот шампион Манчестер сити.

Де Јонг во Барселона пристигна во 2019 година во трансфер 75 милиони евра и за каталонскиот тим одигра 98 натпревари на кои постигна осум гола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот