Јунајтед ќе плати 80 милиони фунти за фудбалер на Лестер!?

фото/твитер

Манчестер јунајтед ќе ја започне „акцијата“ да го ангажира фудбалерот на Лестер сити, Џејмс Медисон, а најверојатно планираат да го доведе наредното лето.

Клубот од „Олд Трафорд“ ќе испрати една атрактивна понуда од дури 80 милиони фунти за овој одличен играч.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го постави 23-годишниот играч за врска во нападот како приоритет број еден за летниот преоден рок.

Лестер и Јунајтед пред неколку месеци направија добар „бизнис“, кога „црвените ѓаволи“ го купија Хари Мегвајер за истата сума 80 милиони фунти.

Медисон има многу добри перформанси оваа сезона. Без дилема е помеѓу најдобрите играчи во Премиер лигата, а во 17 натпревари досега постигна пет голови и запиша три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот