Јунајтед ја најави турнејата, во составот и Погба (ФОТО)

twitter.com/Realmadridplace

Во составот на Јунајтед се наоѓа и францускиот репрезентативец Пол Погба за кој во изминатиот период доста се говореше за негово заминување.

Како што најавува клубот, „црвените ѓаволи“ како дел од оваа турнеја ќе одиграат пет натпревари. Во Австралија тимот од „Олд Трафорд“ ќе ги одмери силите против Перт Глори и Лидс јунајтед на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Потоа, против милански Интер во Сингапур, со Тотенхем во Кина, а закажан е и дуел против Милан во Велс. Планирана е и шеста контролна средба во Норвешка против Кристиансунд БК.

Поради семејни причини, подоцна во турнејата ќе се приклучат Матео Дармијан и Фред.

Составот на Манчестер јунајтед –

Голмани: Давид де Геа, Ли Грент, Жоел Переира, Серхио Ромеро.

Одбрана: Диоло Палот, Арон Ван-Бисака, Ерик Бејли, Фил Џонс, Виктор Линделоф, Маркос Рохо, Крис Смолинг, Аксел Туанзебе, Лук Шо, Ешли Јанг.

Среден ред: Тахит Чонг, Џејмс Гарнер, Анхел Гомес, Даниел Џејмс, Хесе Лингард, Немања Матиќ, Хуан Мата, Скот МекТоминеј, Андреас Переира, Пол Погба.

Напад: Мејсон Гринвуд, Ромелу Лукаку, Ентони Марсијал, Маркус Решфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот