Јунајтед има и резервен план доколку не успее да го купи Санчо, ќе преговара со Баерн

2020. EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Манчестер јунајтед е заинтересиран за крилниот фудбалер на Баерн Минхен и на француската репрезентација, Кингсли Коман.

Поранешниот фудбалер на ПСЖ и на Јувентус имаше чести проблеми со повредите додека е член на Баерн, но кога беше здрав и подготвен за настап, тој покажуваше квалитетни игри, но германскиот шампион не сакаше да ризикува и му донесе силна конкуренција во Лерој Сане.

Токму ангажирањето на Сане е адутот на Манчестер јунајтед, тие се надеваат дека Баерн ќе се согласи да го продаде Коман и поради тоа ги отворија преговорите со „баварците“.

„Атлетик“ пишува дека прва желба на „црвените ѓаволи“ останува Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а трансферот би се реализирал само доколку германскиот тим ги намали барањата, односно ја спушти цената која моментно изнесува 120 милиони евра.

Поради тоа Јунајтед започна преговори со Баерн како резервна варијанта, тие размислуваат да го откупат договорот на Коман, а во игра е и позајмица. Според порталот „Атлетик“ Коман е заинтересиран за трансфер во Манчестер јунајтед и сака да игра заедно со колегите од француската репрезентација Пол Погба и Ентони Марсијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот