Јунајтед го отпиша Погба, на чекор од ангажман на шпански репрезентативец

твитер

Англискиот тим ќе се обиде да ја искорити пандемијата на коронавирусот за да ја намали цената на Саул Нигез.

Манчестер јунајтед е подготвен да се раздели со Пол Погба во летниот преоден рок и веќе работи на ангажирање на негова замена.

Францускиот репрезентативец откако пристигна на „Олд трафорд “ во 2016 година не ги исполни очекувањата на управата и на навивачите на Манчестер јунајтед да биде нов предводник на тимот и во последните две сезони се погласно бара начин како да си замине од екипата.

Минатата година се шпекулираше со негов трансфер во Реал Мадрид или Јувентус, но францускиот репрезентативец на крајот остана во Јунајтед, но се чини дека ова лето дефинитивно си заминува. Негова следна дестинација се очекува да биде Јувентус, а Манчестер јунајтед активно работи на ангажирање на негова замена.

Иако навивачите бараат тоа да биде фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш, управата има поинакви планови и според медиумите се наоѓа на чекор до потпис со играчот на Атлетико Мадид, Саул Нигез.

Нигез има откушна клаузула од 150 милиони евра, но поради пандемијата на коронавирусот, таа драстично ќе се намали и според шпанските медиуми  Атлетико Мадрид за да ги намали загубите е подготвен да го продаде Саул Нигез за само 70 милиони фунти.

Управата на Манчестер јунајтед е подготвена да ја плати оваа сума и веќе се одражи неколку средби со челниците на шпанскиот тим каде начелно се договорени деталите од договорот, но прво треба да се реши од Пол Погба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот