Јунајтед го ангажира најубавото засилување – секси водителка (ФОТО)

инстаграм

Манчестер јунајтед и сезонава не игра според очекувањата, навивачите се разочарани од управата но и од менаџерот Оле Гунар Солскјер. Но, фановите со воодушевување го поздравија последниот потег на управата која ја „засили“ клупската телевизија. Ново име на „Олд трафорд“ е убавата новинарка Кирсти Шелтс. Кирсти за многу кратко време ги освои фановите на Јунајтед, и стана вистински хит кај навивачите кои уште сега ја прогласија за најголемо засилување на екипата.

На Кирсти работата пред камерите не и е непознаница, таа пред пет години работеше и за Кристал Палас.

„Кирсти дипломира новинарство на Стафордшир, а освен што работеше за Кристал Палас, таа има искуство и со работата за Скај ТВ и радиото на Би-Би-Си“, пишува таблоидот „Сан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот