Јунајтед ги победи Сити и Челси, одличниот дефанзивец доаѓа на „Олд трафорд“?

EPA-EFE/TIM KEETON

Манчестер јунајтед се наоѓа во пол позиција во трката за потписот со играчот на Лестер.

„Црвените ѓаволи“ играат фантастично по тримесечната пауза поради пандемијата, пласманот во Лигата на шампионите веќе е реалност, а со тоа се зглемија апетитите на управата и на тренерот Оле Гунар Солскјер.
Манчестер јунајтед е подготвен во летниот преоден рок да потроши голема сума на пари за да го намали јазот со Ливерпул и Манчестер сити, а првиот чекор е ангажирање на Бен Чилвел.

Според англиските медиуми, Манчестер јунајтед се наоѓа пред реализирација на трансферот на најбараниот лев бек во Премиер лигата. Вредноста на трансферот треба да изнесува 70 милиони фунти, а Јунајтед ќе ја намали сумата што треба да ја плати бидејќи во трансферот ќе биде вклучен Лук Шо.

Бен Чилвел беше голема желба и на уште две екипи, Челси и Манчестер сити кои се надеваа дека со евентуалниот ангажман на дефанзивецот на Лестер ќе ги решат проблемите во одбраната, но Јунајтед понудил повеќе пари од нив и прашање на денови или недели е кога ќе биде официјализиран трансферот.

Освен Чилвел на радарот на менаџерот Солскјер се наоѓа и фудбалерот на Фиорентина, Федерико Киеза иако за него голем интерес има и од Јувентус.
Исто така медиумите од островот шпекулираат дека работата е завршена и со Џек Грилиш од Астон Вила, со што Манчестер јунајтед во наредната сезона ќе биде еден од главните фаворити за титулата во Премиер лигата.

Видео на денот