Јунајтед е во страшна форма, ЛШ е реалност

EPA-EFE/Oli Scarff

Манчестер јунајтед со 0:3 ја совлада Астон Вила во 34. коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ со доаѓањето на Бруно Фернандеш играат неверојатно и се наоѓаат во серија од 17. натпревари без пораз во сите конкуренции. Последна жртва на „црвените ѓаволи“ е Астон Вила која е совладана релативно лесно со 0:3 иако првиот гол беше постигнат по контроверзно досудениот пенал.

Во 27. минута Бруно Фернандеш иако го нагази противничкиот играч, судијата во ВАР собата одлучи дека тоа е пенал за Јунајтед, а Португалецот беше прецизен од белата точка.

Во финишот од првото полувреме Мејсон Гринвуд го зголеми водството за Јунајтед, а точка на натпреварот стави Пол Погба во 58. минута.

Со овој триумф и трите бода Манчестер јунајтед има 58 бода, само еден помалку од Лестер и два од третопласираниот Челси и во последните четири кола има одлична можност да заврши на третото или четвртото место на табелата и во наредната сезона да игра во Лигата на шампионите.

За разлика од Јунајтед кој игра во неверојатна форма, Тотенхем игра очајно. Тимот на Жозе Мурињо во 103 минути на натпреварот со Борнмут не успеа да постигне гол и одигра 0:0 со што полека го губи чекорот за место на табелата кое носи во Лигата на Европа.
Тотенхем е на деветата позиција со 49 бода додека седмопласираниот Шефилд има 51 бод, но проблем за тимот од Северен Лондон е тоа што на осмото место се наоѓа Арсенал со 50 бода и игра во подобра форма.

Резултати:
Борнмут – Тотенхем 0:0
Евертон – Саутемптон 1:1
Астон Вила – Манчестер јун. 0:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот