Јунајтед е подготвен да го собори светскиот рекорд за нов дефанзивец

EPA-EFE/Fehim Demir

Манчестер јунајтед во летниот преоден рок планира да ангажита уште еден елитен дефанзивец кој ќе му биде партнер на Хари Мегваер на стоперските позиции.
Како што јавува „Manchester Evening news“, Манчестер јунајтед му понудил на Реал Мадрид околу 60 милиони евра за Рафаел Варан. Реал Мадрид ја одбил понудата и бара речиси 90 милиони евра за својот дефанзивец.
„Кралскиот клуб“ има долгови од речиси милијарда евра и затоа бара големо обесштетување за Варан.
Интересно е што сега веќе поранешниот извршен потпретседател Ед Вудворд уште во 2018 година беше подготвен да плати рекордни 100 милиони евра за Варан. Но, трансферот не се реализира и Јунајтед мораше да се задоволи со Хари Мегваер за кого плати рекордни 87 милиони евра.
Сега, Јунајтед кој во следната сезона планира да атакува на титулата во Премиер лигата, но и да оствари што подобар пласман во Лигата на шампионите е подготвен да го ангажира Варан и се чини дека до крајот на преодниот рок може и да се пресели на „Олд трафорд“ и тоа во рекорден трансфер кога станува збор за дефанзивец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот