Јулија Живиќ разочарана од ЖФК Шкендија: Се повредив на првиот меч, а клубот воопшто не се грижи
Македонската фудбалска репрезентативка Јулија Живиќ не е задоволна од односот на женскиот фудбалски клуб Шкендија. Таа изјави дека по доаѓањето од хрватскиот клуб Сплит во Шкендија се здоби со повреда на првиот натпревар, но ЖФК Шкендија не водел никаква грижа за нејзината здравствена ситуација, ниту пак застанал зад нејзе во која било смисла.
– Надвор од терените сум поради повреда која ја добив на првиот натпревар на почеток на сезоната во клубот во кој продолжив да играм (ЖФК Шкендија) по завршувањето во Сплит. Клубот по таа повреда воопшто не се грижи, ниту стои зад мене како клуб во која било смисла. Познавам и многу други играчи кои биле во слична ситуација и потоа добиваат одговор дека можеме да си бареме нови клубови и тоа непосредно пред почетокот на сезоната – изјави Живиќ.
Како причина за таквиот однос на клубот кој подоцна и ги информирал дека можат да си бараат нови клубови, Живиќ смета политиката ги „вмешала своите прсти“.
– Мешањето на политиката во спортот е причина за која клубот не води грижа, тука се финансиите кои им се одземени по промената на власта, по што преку порака бевме известени дека клубот наеднаш згаснува и да си бараме клубови на 10 дена пред почетокот на првенството, а во ситуација кога сте повреден и остануваш без клуб ситуацијата не е едноставна – се зборовите на Живиќ.
Сезоната во женскиот фудбал започнува на 25 август. Повеќе ТУКА