ЈУЛИЈА ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌА ДОМА: Иран ја ослободи руската новинарка – Слободен печат
ВестиПланета

ЈУЛИЈА ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌА ДОМА: Иран ја ослободи руската новинарка

Јужик денес ќе се врати во Москва, пренесува „Ројтерс“.

Иран ја ослободи руската новинарка Јулија Јужик, која беше уапсена минатата недела, соопшти денеска руската амбасада во Техеран.

„Како резултат на здружените напори на руското Министерство за надворешни работи и амбасадата во Техеран, иранската страна одлучи да ја ослободи руската државјанка Јулија Јужик“, велат од амбасадата.

Јужик денес ќе се врати во Москва, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи, претходно изјави дека Јулија Јужик не била уапсена поради обвиненија за шпионажа, туку за кршење на визните закони и дека нејзиниот случај се разгледува по забрзана постапка.

Поранешниот сопруг на руската новинарка, Борис Војчеховски, претходно објави на „Фејсбук“ дека Јулија го повикала од притвор, тврдејќи дека се соочува со обвиненија дека шпионирала за Израел.

Според него, новинарката е во Иран од 1 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close