-8 C
Скопје

Југословенски рок: Таа музика сè уште е жива и е дел од нашата култура

Музичките хитови од времето на Југославија сè уште се меѓу најпопуларните на домашните плејлисти во сите поранешни држави што ја сочинуваа истата. Најдобрите хитови се најдова во антологијата „Jugoslovenska ideja u muzici“.

Instagram
EKV / Instagram

Најслушаните песни пред неколку децении, се чини, како уште да живеат меѓу народот. Покрај песните кои се пренесуваат од генерација на генерација, се раскажуваат приказни за старите добри времиња. Стиховите на југословенскиот рок и денес се култни, станаа хитови и новите млади генерации.

Instagram
Azra / Instagram

Времето покажува кои песни преживеале а кои исчезнале. Ние зборуваме за тие седумдесетти и осумдесетти години кога рокенролот беше многу „млад“ и кога многу теми во тоа време беа неоткриени. На денешните деца им е многу тешко, кога толку многу е испеано и снимено, веќе е тешко да се биде оригинален“, вели српскиот музички критичар Петар Јањатовиќ.

Прочитајте и...  ФОТО: Антониа Гиговска во кратки панталони ужива на снегот

За песните од тоа време се вели дека се како мозаик, освен љубовните теми, се пеело за културолошки и социјални настани.

Instagram
Instagram

Доволно е да кажам Бранимир Џони Штулиќ. Тој е како Дневник. Туку така ги пишуваше песните. Сега духот на времето е многу поважен и не верувам дека младите што го слушаат Џони Штулиќ или „Екатерина“ имаат идеја за што точно станува збор“, додава Јањатовиќ.

Музичката сцена на Белград, Загреб и Љубљана сега е запишана во антологијата за југословенската музика.

Instagram
Bijelo Dugme / Instagram

Таа музика е жива и е дел од нашата култура. Во времето кога Југославија постоеше, додека таа идеја беше жива, ми се чини дека нејзиниот досег беше многу поширок од досегот на секоја од одделните држави и култури на овие простори“, изјави музикологот д-р Немања Совтиќ.

Прочитајте и...  ФОТО | Таа старее како вино: Селма Хајек со прекрасни фотографии им се заблагодари на следбениците!

Десетици илјади луѓе ги полнеа концертните сали на „Bijelo Dugme“, „Azra“ или „Riblja Čorba“ и тоа без Интернет, брзи вести или помпезни реклами. Многу години подоцна, стои фактот дека нивната музика нема рок на траење.

Поврзани вести

10 симптоми што укажуваат на почеток на Алцхајмерова болест

Слободен печат

ВИДЕО: По трауматичните сведоштва за сексуалните злодела на Мика Алексиќ, Балканот масовно го споделува ова видео од новинарката Јелена Обучина

В.Т.

Дневен хороскоп за 19 јануари: Се наоѓате во период во кој ќе остварите многу соништа

Слободен печат

ФОТО | Во 2021 потребна ви е само една чанта: Ова моделот на годината кој одговара за сите прилики!

Слободен печат

ФОТО: Кајли Џенер ја покажа луксузната бања, фановите ја исмејаа поради еден детаљ

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО: Гледачите се пожалија дека не можат да спијат откако ја гледале серијата за еден од најморничавите сериски убијци

Слободен печат

Остави Коментар