Југославија е мртва, да живее југосферата

A man wearing a flag with a star of the former Yugoslavia seen while waiting to pay their respects at the grave of the Jovanka Broz wife of Josip Broz Tito, the communist leader of Yugoslavia, 26 October 2013 in Belgrade. An honour guard and former partisan fighters from World War II escorted Jovanka Broz's wooden coffin to the House of Flowers, the mausoleum where her husband's body rests. They were accompanied by hundreds of citizens. ÊThe coffin was placed outside the tomb, where she is to be interred. Jovanka Broz died Sunday in a Belgrade hospital at 88 after living primarily in isolation since her husband's death in 1980. Like Tito, she fought with the partisans against German-led occupiers and local collaborating forces during World War II. She was twice decorated for courage in combat. EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Неверојатен е аматеризмот на бугарската дипломатија и на бугарската државна стратегија во однос на Македонија. Кога се прави “cost-benefit” анализа на одредено дејствие тогаш бугарската стратегија постигна тотално спротивни цели во однос на македонското прашање. Официјална Софија успеа да го отуѓи македонскиот народ до степен на гадење кон се што доаѓа од Бугарија, за што навистина треба огромен дипломатски антиталент. И во последните изјави, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева се жали дека Македонците традиционално биле поблиски до Србите отколку до Бугарите, се разбира со небулозниот заклучок дека тоа е дело на “српската пропаганда”.

Јасно е дека бугарските политичари не ги разбираат или се прават дека не ги разбираат социолошките состојби кај својот сосед, а исто така не разбрале дека од втората светска војна па до денеска најголемата светска битка е онаа за “hearts&minds”, т.е. за умовите и срцата на луѓето. Во оној момент кога луѓето во светот се решија дека сакаат да живеат како Американци, да пијат кока-кола, да носат фармерки и да слушаат “Rock&Roll”, во тој момент падна Берлинскиот ѕид и Советскиот сојуз со него. Во таа битка се уште убедливо водат Американците, и се додека не посакаме да имаме кинеско возило, кинеска облека, кинески телефон, не посакаме да гледаме кинески филмови и серии повеќе од американските, до тогаш искрено длабоко во себе ќе сакаме да бидеме Американци и ништо друго.

Е сега, исто е и на локално ниво. Македонците не гледаат бугарски филмови, не слушаат бугарска музика, речиси не ги интересираат ниту вестите кои доаѓаат од Софија доколку не се поврзани со Македонија, но прашајте просечен македонски граѓани нешто за политичката ситуација во Србија, Косово, БиХ, Црна Гора или Хрватска (Словенија послабо), тогаш тој ќе се претвори во вистински политички аналитичар. Таа ситуација е иста и во останатите екс југословенски држави (со исклучок на Косово) каде вестите од бившите југословенски простори се од голем интерес за публиката. Причините за блискоста на овие држави е јасна, тие 50 години живееле во заедничка држава, ги пееле истите песни, ги гледале истите филмови, сите со исклучок на Македонците, Албанците и Словенците го зборуваат истиот јазик, но и оние кои не го зборуваат го знаат југословенскиот есперанто. Тогаш блискоста на темите кои се пласираат на овие простори е разбирлива и без разлика на пропагандите кои се силни во одделните држави, дека “треба да се почитува своето”, или силниот анимозитет меѓу Србите, Хрватите и Бошњаците, сепак екс југословенскиот фолклор останува доминантна тема во сите овие држави.

Дури и големите светски медиумски сервиси како што е Ал Џезира или Си-Ен-Ен го разбрале тоа, па емитуваат единствена програма за просторите на целата поранешна Југославија, што му доаѓа нешто како “Јутел” само со друго име. Дури и самиот Горан Милиќ кој беше фронтмен на “Јутел” не случајно сега е фронтмн и на “Ал Џезира Балканс”. Во сите екс републики музиката и филмовите кои доаѓаат од екс југословенскиот простор се најчесто повеќе популарни од домашната музика, а овој феномен се случува дури и во Хрватска каде е невозможно да се напише текст за било што, без да се спомне “татковинската војна”.

Сите овие појави укажуваат дека Југославија е навистина мртва, но југосферата е жива како и секогаш. Едноставно, навиките и вкусовите на луѓето можат да се обликуваат, но пазарот во главно ги следи потребите на купувачите и тоа се случува и со публиката во овие држави. Е сега, сите овие фактори нашите источни соседи не можат или не сакаат да ги разберат, туку како папагали ја повторуваат флоскулата за “српската пропаганда”. Тоа наивно и навредливо гледање на работите дополнително ги отежнува бугарско-македонските односи и во блиска иднина нема начин тие да бидат поправени. Не знам дали Бугарија може реално и многу да направи за да се бори против содржините кои доаѓаат од екс – Југославија во Македонија, но веројатно може да се потруди да биде повеќе разбрана во Македонија. Но за да го направи тоа, Софија мора да се откаже од анахроните ставови и позиции кои не им ги разбира никој во светот, а има и силен отпор кај интелектуалното ткиво во самата Бугарија. Едноставно, Борисов, Захариева, Каракачанов и останатите се осамени во својот примитивизам и сега им е потребно дипломатско-пропагандно салто мортале доколку сакаат да ги поправат работите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот