Јубилеен 150. гол за Суарез во Ла Лига (ВИДЕО)

epa08702013 Atletico Madrid's striker Luis Suarez (L) celebrates after scoring the 5-0 goal during the Spanish Laliga soccer match between Atletico Madrid and Granada held at Wanda Metropolitano Stadium, in Madrid, central Spain, 27 September 2020. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со 0:2 славеа на гостувањето кај Селта во петтото коло на Ла Лига. Резултатот го отвори Луис Суарез во шестата минута за кого ова беше 150. гол во 194. натпревар во Ла Лига.

Ова за Суарез беше трет гол сезонава во дресот на Атлетико откако до минатата сезона шест години настапуваше за Барселона.
Уругвајскиот репрезентативец најбрзо стигна до бројката од 150 гола во Ла Лига, тој успеа да го надмине рекордот на Кристијано Роналдо кој по 195. натпревари во дресот на Реал Мадрид даде 140 гола.
Интересно е што тренерот Диего Симеоне на овој натпревар се одлучи да настапи офанзивно и во нападот ги постави Суарез и Диего Коста.
Конечниот резултат го постави Караско во судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот