ЈСП воведува пробна ноќна линија до Мралино

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

За подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите на Општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар Скопје до Мралино во сабота и недела во 00:15 часот, соопшти ЈСП.

Ова било договорено на работната средба помеѓу градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Иван Илиевски. Исто така, на средбата се разговарало за подобрување на јавниот автобуски превоз со зголемување на бројот на линии и автобуски постојки на целата територија на општина Илинден.

Општината информира дека ќе продолжи и понатаму со реализација на плановите за подобрување на јавниот автобуски превоз, како и со зголемување на бројот линии и автобуски постојки, со што ќе се обезбеди поквалитетен и поефикасен јавен превоз за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот