ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” утре ќе сообраќаат по неделен возен ред поради  државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

ЈСП соопшти и дека утре дежурни ќе бидат три  билетарници – Транспортен центар и Зелено пазарче ќе работат од 7 до 19.30 часот, а работното време на билетарницата Ѓорче Петров ќе биде од 7 до 13 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот