ЈСП открива дали ќе поскапат билетите поради зголемените цени на нафтата

Автобус на ЈСП/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Поскапувањето на цената на нафтата и на нафтените деривати влијае врз работата на сите јавни претпријатија кои функционираат на територија на Градот Скопје.

Според градските власти, во моментов најголеми загуби трпи ЈСП „Скопје“ кое најмногу ги почувствува последиците поради корона-кризата бидејќи имаше периоди кога според мерките и препораките на здравствените власти, возилата сообраќаа со намален број на патници поради ограничувањата. Дополнително, стравот од ширење на зараза од коронавирусот, ги натера и оние патници кои пред појавата на ковид-19 редовно ги користеа услугите на автобускиот превоз, да започнат да користат алтернативни начини на транспорт, обидувајќи се притоа на тој начин да ја избегнат гужвата во автобусите. Со нагорниот раст на цената на нафтата и на нафтените деривати, ваквите загуби кај ова јавно претпријатие дополнително се продлабочуваат.

– Поскапувањето на нафтените деривати секако дека влијае на работата на сите јавните претпријатија, а пред се на ЈСП„ Скопје“. Стручните служби на сите јавни претпријатија ја следат состојбата и прават анализи за ефектите на оваа појава, а во моментов нема најава за барање за покачување на цената на некоја од услугите. Доколку во иднина постои такво барање, за истото ќе расправа и одлучува Советот на Град Скопје – информираат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот