ЈСП од денеска го враќа редовниот зимски возен ред

Градското сообраќајно претпријатие „ЈСП – Скопје” информира дека од денеска автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по зимен возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.

Возниот ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на веб страницата на претпријатието www.jsp.com.mk.

Во пресрет на учебната 2019/2020 година, пак, ЈСП ги информира учениците од средните училишта на Град Скопје, дека од 2 септември 2019 година почнуваат да им важат бесплатните билети за користење јавен превоз. Учениците од прва година средно, правото на користење бесплатен превоз ќе можат да го остваруваат со времен билет кој ќе го добијат во училиште. Овој билет ќе има важност до 31.10.2019 година, односно се додека не им се изработат и се поделат електронски персонализирани картички „Скопска”. На учениците од втора, трета и четврта година, бесплатните билети (персонализирана „Скопска”) автоматски, преку систем ќе им бидат продолжени.

Во случај на евентуален проблем, учениците треба да појдат во некој од центрите за персонализација на ЈСП Скопје и таму да го регулираат статусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот