ЈСП го истражува случајот со Александар и неговото куче-придружник – Слободен печат
ВестиСкопје

ЈСП го истражува случајот со Александар и неговото куче-придружник

Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола, велат од ЈСП.

ЈСП Скопје преку социјалните медиуми дозна за случајот со Александар и неговото куче придружник, кој преку „фејсбук” информираше дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет.

Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено.

Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира.

Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола.

Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран, се вели во соопштението на ЈСП-Скопје..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close