ЈСП демантира дека во нивните автобуси нема клима

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

ЈСП ни испрати реакција во врска со текстот „Слободен печат“ во автобусите на ЈСП: Надвор топло, внатре ПЕКОЛ (ФОТО+ВИДЕО).

„Пред се, сметаме дека текстот не е професионален имајќи во предвид дека не содржи изјава и од ЈСП Скопје, односно другата, прозвана страна во конкретниов случај. Истовремено, во делови е тенденциозен, неосновано се нарушува угледот на ЈСП Скопје, а притоа повикувајќи се на состојба со приватните превозници за чија состојба со автобусите ЈСП Скопје нема никакви ингеренции, ниту одговорност!

Ви напоменуваме и одговорно тврдиме дека согласно денешната евиденција, во 90 отсто од возилата на ЈСП Скопје кои се пуштаат во сообраќај, клима уредите се исправни и се во функција!
Преостанатиот дел се предмет на сервисирање, проблем кој е настанат тековно и не може да се предвиди, а ќе биде отстранет до крајот на неделава. Притоа, посочените возила не се пуштаат во сообраќај.

Инаку, точно е, во некои возила на ЈСП Скопје климите се исклучени со оглед на тоа дека секојдневно има реакции на дел од граѓаните дека им е преладно, па возачот е приморан да ги исклучи како не би се нашол во незавидна положба со оглед на заканите.

Впрочем, не секогаш на сите патници може да им се угоди. За жал, чести се и ситуациите клима уредите да се вклучени, а прозорите отворени“, се вели во реакцијата на ЈСП.

 

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот