14 C
Скопје

ЈПКД „Комуналец”: Крак од одводен канал во Струмица е претворен во депонија и узурпиран е од граѓани

Крак од одводен канал во горниот дел на градот е претворен во депонија и узурпиран e од несовесни граѓани, соопштија денес од струмичкото комунално претпријатие.

– Екипи од ЈПКД „Комуналец” излегоа на терен и почнаа со отстранување на сметот и чистење на каналот, како и со чистење на помошните решетки кои служат за побрзо собирање на надојдените води во одводната мрежа. Со тоа се спречуваат поплави во долните, но и погорните делови на градот, информираат од „Комуналец”.

Оттаму апелираат до граѓаните, посебно до оние кои живеат во тој дел на градот, сметот да не го фрлаат во или околу каналите, бидејќи нивното неодговорно однесување предизвикува штети и поплави.

Ги потсетуваат граѓаните дека е отворен бесплатен телефонски 13-110, кој работи 24 часа и на него граѓаните можат да ги пријавуваат сите дефекти на водоводната и канализациската мрежа како и проблемите од јавна чистота. На овој број можат да се јават и граѓани кои имаат потреба од подигање на шут, градежен отпад, гранки од дрвја и друг цврст отпад.

Поврзани вести

ВИДЕО: Прва трансплантација на коскена срж од починат донор во Македонија, разговор со Д-р Далипи

Слободен печат

Шекеринска: Нашиот потполковник позитивен на коронавирус пристигна во Скопје, неговата состојба е стабилна

Слободен печат

ВИДЕО: Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

Слободен печат

Бугарија доби техничка влада: Стефан Јанев назначен за премиер

Слободен печат

Сијарто во посета на Северна Македонија, ќе предаде донација вакцини за МВР

Слободен печат

СЗО: Индиската варијанта на Ковид-19 е откриена во 44 земји

Слободен печат

Остави Коментар