ЈП „Водовод и канализација“ со предупредување: Не ја трошете водата за пиење за полнење базени и наводнување, за да нема рестрикции (ВИДЕО)

Години наназад ЈП „Водовод и канализација“ се соочува со огромни загуби на вода во летниот период, како последица на неодговорното однесување на граѓаните кои водата ја употребуваат за наводнување на ниви, перење теписи и автомобили и полнење базени. Раководителот во сектор за наплата, Зоран Недевски денеска во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ апелира водата да се користи само за пиење.

– Доколку граѓаните соодветно ја користат водата за пиење, ќе добијат соодветна услуга во текот ја цело лето. Доколку граѓаните немаат друг начин за да ги наводнат дворовите и бавчите, апелираме тоа да го прават во доцните вечерни или во раните утрински часови, со цел да не ја оптеретат водоводната мрежа, вели Недевски.

Тој информора дека претпријатието располага со седум бунари, но најчесто во употреба се ставаат три.

– Сите седум бунари се подготвени, секојдневно се проверува нивниот квалитет, но во употреба ставаме 2-3 бунари, и тоа во екстремни случаи, кога водата од изворот Рашче не ги задоволува потребите на граѓаните. Таков пример неодамна имавме за време на полицискиот час, кога забележувавме драстично зголемување на потрошувачката на вода. Но и во моментов се пуштаат бунарите, вели Недевски.

Сепак, не само граѓаните, водата за пиење непрописно ја трошат и општините и ЈП Паркови и зеленило, за наводнување на парковите.

– Одржавме неколку состаноци со ЈП „Паркови и зеленило“, кое што е надлежно за одржување на зеленилото во Скопје. Побаравме полевањето да се одвива во вечерните и утринските часови. Се надевам дека тоа ќе се почитува, во спротивно ќе бидеме принудени да преземеме санкции, бидејќи поважно е граѓаните да добијат вода, отколку зеленилото да биде наводнето, додава тој.

Раководителот во сектор за наплата потсетува дека во тек е можноста за плаќање на рати на заостанатите долгови.

– Од 15 јуни до 31 јули ќе трае акцијата за плаќање на рати на заостанатите долгови. Во зависност од висината на долгот, корисниците можат да добијат можност, најмногу на 24 рати да ги платат заостанатите сметки. Откако е започната акцијата, околу 110 корисници ја искористија оваа можност, сервисиран е нивниот долг во висина од околу 7 милиони денари, рече Недевски.

Проследете го целиот разговор во Скопски агол со раководителот во сектор за наплата на ЈП „Водовод и канализација“, Зоран Недевски:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот