ЈП „Водовод и канализација“ со порака до скопјани: Водата е безбедна за пиење

Фото: Архива на „Слободен печат“

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиската и микробиолошка анализа што во изминатиот период беа земени од 38 мерни места во главниот град.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација” информираат дека во периодот од 21 до 25 декември 2020 година се земени вкупно 182 примероци за анализа.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот