ЈП „Водовод и канализација”-Скопје апелира разумно и рационално да се користи водата

Јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје апелира до жителите на Скопје разумно и рационално да ја користат водата.

-Последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие. Високите температури кои достигнуваат и до 40 степени придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче. Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со единствена цел нормално водоснабдување во секој дел од Град Скопје, се вели во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно информативен центар, 02 3240 300, Дирекција – [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот