ЈП „Водовод и Канализација“: Повеќе улици од Скопје без вода за пиење

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато”, „Панче Неделковски”, „Ќемал Ататурк” и „Коста Абрашевиќ”, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабудвањето на ул.„Видое Смилевски Бато” бр. 2, 2б, 40, 42, 44, 46, 48 и бр. 50 е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-100/150 мм. и ќе трае до завршување на изведувањето.

Додека, пак, прекинот на улиците „Панче Неделковски”, „Ќемал Ататурк” и „Коста Абрашевиќ” е поради дефект на приклучна цевка на ул. „Панче Неделковски” 74 и ќе трае до завршување на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот