ЈП „Водовод и канализација“ изработи нова канализациска мрежа за ЈП „Лајка“

Илустративно фото: МИА

Секторот Канализација при ЈП „Водовод и канализација” – Скопје изработи нова канализациска мрежа за потребите на јавното претпријатие за хуман третман на животни скитници „Лајка”.

-За потребите на новото јавно претпријатие под закрила на Град Скопје, ЈП „Лајка”, во текот на изминатите две недели интензивно се работеше на одводнување и приклучување на отпадните води на објектот, информираат од „Водовод и канализација”.

Оттаму посочуваат дека за оваа цел биле направени 16 приклучоци на санитарни чворови за тоалети и одводи за боксови за кучиња.

-Четиринаесет од нив се со големина на цефка ф110мм, а две се со големина ф160мм. Во текот на работните активности беа изведени три шахти, беа сменети и вградени осум капаци за шахти (тежок тип) и еден бетонски капак. Истовремено беше изведена и мрежа со големина на цефка ф200мм и ф160мм, во должина од околу 100 метри, се наведува во соопштението.

Како што посочуваат, со поставување на водоводната мрежа и решавање на прашањето кое се однесуваше на одведување на отпадните води се обезбедени услови за основните потреби на ова претпријатие и неговото отпочнување со работа и нормално функционирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот