ЈП „Улици и патишта“ за мостот во Драчево: Работиме за негова санација и реконструкција

Фото : Фејсбук ЦУК

Директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов во гостување на вестите во Телевизија 24 денеска истакна дека во координација со службите од Градот Скопје екипите уште во текот на минатата ноќ го обезбедиле критичното место на мостот кон Драчево, на улицата „Јустинијан Први” каде е настанато негово оштетување и во текот на следниот период ќе работат на изнаоѓање на конретни решенија за санација и негова реконструкција.

– ЈП Улици и патишта го обезбеди критичното место, уште вчера во попладневите часови за да не транзитираат возилата во тој дел и граѓаните да внимаваат кога транзитираат на овој потег, во текот на денешниот ден се изврши поставување на челична плотна со соодветна дебелина за да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег, истакна Настов.

Тој појасни дека службите од Град Скопје уште во 2018 година утврдиле потреба од итно интервенирање на овој мост кој е стар повеќе од 50 години, како и дека станува збор за дел од регионален пат кој има поделени надлежности за кои и Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта има обрска за постапување.

Настов истакна дека во насока на брза интервенција и обезбедување на несакани последици од несоодветно одржување со години наназад, службите од Градот и ЈП Улици и патишта ќе пристапат кон соодветно решавање, санација или целосна реконструкција на ваквите критични места.

Апелираме до надлежните институции со цел да се избегнат дополнителни оштетувања и загрозување на безбедноста се до целосна реализација на санацијата да не се дозволи транзит на тешки товарни возила на тој потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот