„Пајак“ службата, во текот на изминатата недела, отстрани 107 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор” се санкционирани 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Оттаму повикуваат на почитување на сообраќајните правила со цел одржување на ред и безбедност на улиците.