ЈП „Македонија пат“: На терен сме и ги одржуваме сите патни правци, сообраќајот се одвива непречено и по влажни коловози

Фото: Миа.мк

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози, но непречено. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но во моментот не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Македонија пат”.

Оттаму потенцираат дека на одделни патни правци што минуваат низ клисури и засеци е можна појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

– Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат” се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од јавното претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот