ЈП „Лајка“: Над 170 бездомни кучиња веќе се вдомени во земјава но и во странство

ЈП Лајка / Фото: Драган Митреска - Слободен печат.

Во обид да се намали бројот на бездомни кучиња во Скопје, ЈП „Лајка“, користејќи хумани до сега посредувале во вдомувањето на над 170 бездомни кучиња кои биле заловени од страна на нивните екипи на некоја јавна површина во главниот град.

Како што информираат од ова јавно претпријатие, во Скопје вдомени се нешто повеќе од 120 бездомни кучиња, но интересен е податокот дека околу 50 кучиња веќе се вдомени во странство и наместо на улица, оваа зима ќе престојуваат во соодветни услови, обезбедени од страна на нивните згрижувачи.

– Досега имаме вдомено кучиња во САД, Шведска, Белгија, Франција и Германија, а секое куче по завршување на хуманиот третман има можност за вдомување во земјата и странство. За да патува на секое куче му е потребен пасош и уредна вакцинација согласно закон – ја објаснуваат постапката за вдомување од страна на ЈП „Лајка“.

Оттаму велат дека, идните вдомувачи кои се заинтересирани да вдомат куче, најчесто ги контактираат преку нивните социјални мрежи или на мејловите за вдомување.

Инаку, сите згрижени кучиња во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ подлежат на хуман третман, кој вклучува: крвна слика, 4Д тест, тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен според годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство), терапија против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација против заразни болести и беснило, кастрација/стерилизација, микрочипирање и обележување со ушна маркичка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот