ЈП „Комунална хигиена“ годинава ќе набави 650 нови контејнери

Во Програмата за инвестиции на ЈП „Комунална хигиена“ за 2022 година е предвидена набавка на 300 метални контејнери со зафатнина од 1,1м3, 300 пластични контејнери со зафатнина од 1,1м3 и 50 пластични контејнери со зафатнина од 3,2м3

Се со цел подобрување на услугите кои ги нудат но и овозможување на скопјани правилно одлагање на се поголемите количини на отпад кои ги создаваат, од ЈП „Комунална хигиена“ најавуваат набавка на нови контењери за складирање на отпад кои ќе бидат распоредени на голем број локации низ Скопје.

Имено, според најавите, предвидено е набавка на вкупно 650 контењери со различна големина.

– Во Програмата за инвестиции на ЈП „Комунална хигиена“ за 2022 година е предвидена набавка на 300 метални контејнери со зафатнина од 1,1м3, 300 пластични контејнери со зафатнина од 1,1м3 и 50 пластични контејнери со зафатнина од 3,2м3 – информираат од ЈП „Комунална хигиена“.

Инаку, од ова јавно претпријатие потсетуваат и дека во изминатиот период на терен се соочуваат со огромен број на оштетувања или палења на садовите за отпад од страна на несовесни граѓани. Поради ваквите оштетувања, тие се принудени да набавуваат нови контењери кои повторно би биле поставени на истите локации на кои претходно биле поставени оштетените или пак опожарените садови за отпад. На тој начин, како што информираат од ова јавно комунално претпријатие тие континуирано сносат значителна финансиска штета.

 

Видео на денот