ЈП „Комунална хигиена” генерално ја чисти Општина Кисела Вода

Кисела Вода / илустрација

ЈП „Комунална хигиена” –Скопје денеска започна генерално чистење на Општина Кисела Вода во рамките на есенските акции што ги спроведува комуналното претпријатие во скопските општини.

Со 30 работници на терен, три автоцистерни и две специјални комунални возила-метларки се врши рачно и машинско миење и метење на главните и на општинските улици, а воедно екипите од јавното претпријатие ги отстрануваат и дивите депонии во оваа скопска општина.

-Во рамките на акцијата беа спроведени и активности за чистење на дворовите на градинките, средните и основните училишта, додека за учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ” беше организирано еко-предавање за правилно постапување со отпадот, соопшти ЈП Комунална хигиена.

Почетокот на акцијата го означија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена”, Маја Шајновска Андова, како и раководителот на Секторот за ИТ, квалитет и развој, Славко Ружиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот