ЈП Градски паркинг за проблемот со СМС пораките: Останете во возилото додека не добиете повратен одговор

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува корисниците на зонското паркирање дека понекогаш претпријатието се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците. Станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање.

-Сакаме да им посочиме на граѓаните кога се соочуваат со неприфатена смс порака за паркирање или стопирање на паркирањето, веднаш да се јават во контакт центарот на ЈП Градски паркинг- Скопје. Во меѓувреме плаќањето за паркинг услугата треба да го направат со греб картичка истакната на ветробранското стакло, соопштуваат од ЈП Градски паркинг.

Во овој случај, важно е корисниците на паркингот да не го  напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка.

За подетални информации, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви:

  • Центар: 02 3 21 55 66
  • Аеродром: 02 2 44 33 66
  • Илинден: 02 3 29 82 10

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот