Јовиќ: Битола е најракометен град, против Нексе да се покажеме во поинакво светло

Oд групата А во СЕХА лигата преостана само уште еден натпревар по што ќе биде познат финалниот пласман на трите екипи.
Ниту една од екипите во групата не забележа триумф на госати, па може да се случи да одлучва и гол- разликата. Еурофарм Пелистер утре го пречекува Нексе, а во тимот на еден ден пред натпреварот се враќаат осумте ракометари кои имаа репрезентативни обврски во квалификациите за Европското првенство.
„Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барама лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата“, изјави Јовиќ кој на клупата го наследи Ларс Валтер.
Дека се соочуваат со квалитетен противник свесен е и ракометарот Гоце Ојлески.
Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен штаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да издвојуваме позитивен резултат“, истакна Ојлески.ж
Натпреварот е закажан за терминот од 18:00 часот и се очекува Јовиќ и Звонко Шундовски кој е негов помошник да добијат поддршка од трибините за новиот проект.