Јовиќ го излажал Реал Мадрид, се повредил во својот дом, паднал од ѕид

Фото: twitter/RMOnly

Реал Мадрид неодамна објави дека српскиот репрезентативец Лука Јовиќ го повредил стопалото и поради тоа го очекува пауза од 2-3 месеци. Поради повредата оваа сезона е завршена за Јовиќ кого Реал Мадрид го плати 60 милиоини евра и за возврат доби само два гола во 24 натпревари.

Јовиќ на лекарите на Реал Мадрид им рекол дека повредата ја заработил додека тренирал дома, но српски „Курир“ од свои извори дознава дека причината за повредата е поинаква, тој паднал од ѕидот во куќата во Белград.
– Едвај остана жив. Падна од еден висок ѕид, не знам како да објаснам, а не ми е ни јасно како успеа во тоа. Главно, се беше случајно но среќа што остана жив – изјави за „Курир“, извор близок на семејството Јовиќ.


Веднаш по објавата на српскиот весник, се огласи и докторот Хозе Гонзалес, специјалист за спортска медицина и поранешен член на медицинскиот тим на Атлетико Мадрид. Тој се сомнева во приказната на Јовиќ.

– Коската која ја скрши Јовиќ ја подржува целата тежина на телото и во голема мера е отпорна на надворешни сили. Во голем број од случаите, до скршеница доаѓа по тешка, насилна траума или пад од поголема височина. Повредата на почетокот се лекува со мирување и фиикална терапија и доколку успешно помине периодот на рехабилитација,
ќе се знае колкава ќе биде паузата – рече Гонзалес.

Српскиот весник се обидел да го контактира таткото на Јовиќ, но оттаму добиле одговор дека Реал Мадрид им забранил да зборуваат за повредата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот