Јовиќ е нов член на Реал Мадрид - Слободен печат
СпортФудбал

Јовиќ е нов член на Реал Мадрид

Англискиот Скај спортс објави дека Реал Мадрид и дефинитивно го комплетира трансферот на Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Лука Јовиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објави англиската телевизија Скај Спортс. Според телевизијата, „кралскиот“ клуб на Ајнтрахт Франкфурт ќе му плати 60 милиони евра, а српскиот репрезентативец ќе потпише петгодишен договор со кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Јовиќ официјално е третото засилување на Реал Мадрид по враќањето на Зинедин Зидан на клупата, претходно се договорени и трансферите на Едер Милитао од Порто и Бразилецот Родриго кој шпанскиот тим го купи уште минатото лето.

Германскиот бундеслигаш го купи Јовиќ за седум милиони евра од Бенфика откако ја активира опцијата за откуп на позајмицата. На Бенфика ќе и припаднат 12 милиони евра од трансферот на српскиот репрезентативец.

Лука Јовиќ сезонава игра фантастично , во сите натпреварувања постигна 27 голови и има седум асистенции, додека во Бундес лигата е трет стрелец со 17 голови.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close