Јовески: Засега нема основа за дисциплинска за Рускоска

Љубомир Јовески/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески изјави дека нема отворено постапка за СМС пораката, која обвинителката Вилма Рускоска ја испрати до судиите кои ја пуштија Катица Јанева во домашен притвор.

-Состојбите што настанаа со пораката на обвинителката Рускоска ги разгледа Колегиумот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Колегиумот и јас како јавен обвинител наоѓаме дека до овој момент нема основ за покренување дисциплонска постапка- истакна Јовески за МИА.

Тој посочи дека треба да се почека што ќе заклучи Советот на јавни обвинители, кој денеска расправа за ова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот