Јовески за притворот на Боки 13: Обвинителството се грижи за здравјето на притворените

Љубомир Јовески/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Откако „Слободен печат“ објави дека на Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, му откажа левиот бубрег и тој бара затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, шефот на републичкото обвинителство Љубомир Јовески изјави дека тоа не е основ за укинување на притвор, но ОЈО се грижи за здравјето на обвинетите.

– Здравствената состојба не е основ за укинување на притвор, но исто така ние мора да водиме сметка за здравјето на обвинетите лица, зависи какви барања ќе има од притвореното лице, обвинителството ќе даде соодветно мислење, а судот одлука – изјави Јовески.

Му откажа левиот бубрег на Боки 13

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот