Јовески: Предметот „Империја” е во фаза на вештачење

Фото:Слободен печат

 Државниот јавен одбвинител Љубомир Јовески информира дека истрагата за предметот „Империја” е во тек и дека постапката се наоѓа во фаза на вештачење.

– Постапката за овој предмет е во фаза на вештачење, а се преземаат и други дејствија. Очекуваме во некое рационално време да биде изготвено мислење од вештите лица – истакна Јовески на денешниот онлајн брифинг со новинарите.

Случајот „Империја” го отвори СЈО, а меѓу осомничените е и бизнисменот Јордан Камчев. Истрагата за овој случај сега ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот