Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Фото: МИА

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, продолжува да постапува по предметите
преземени од поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Во интервју за Телевизија Телма, одговарајќи на прашање до каде се преземените истраги од СЈО, односно за исказот на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, второобвинетата во предметот „Рекет”, која во својата одбрана истакна дека предметот „Империја” бил предаден готов, јавниот обвинител Јовески, изјави дека доколку тие истраги биле завршени веројатно СЈО, ќе донела соодветна одлука за тие истраги.

– По преземањето на овие предмети коишто беа во предистрага или во истражна постапка обвинителството ги презема соодветните дејствија, зависно во секој предмет поединечно какви дејствија требаше да се преземат. Според тоа не е точен податокот дека во овие предмети не се
постапува. Можеби сега со оглед на новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат во ова време. Уверен сум дека по овие предмети обвинителите кој што постапуваат ги преземат дејствијата, рече јавниот обвинител Лубомир Јовески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот