Јовески од собраниската говорница: Неблагодарно е да се коментираат состојбите во „Монструм”, предметот е во деликатна фаза

Фото: МИА

Неблагодарно е јас да зборувам за случајот „Монструм” во овој момент со оглед дека предметот се наоѓа во деликатна фаза, изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на собраниската седница за пратенички прашања. Тој потсети дека јавниот обвинител пред неколку дена ги изнесе завршните зборови, а за десетина дена, како што рече, тоа ќе го направи одбраната.

– Моето коментирање на определени докази, факти, околности во врска со конкретниот предмет може да значи влијание врз независната власт, врз судската власт, рече Јовески, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Монструм” од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на прашањето „зошто Обвинителството дало предлог по жалбите на обвинитетите“, едноставно, Јовески рече дека таа одлука ја носи Врховниот суд.

– Врховниот суд процени дека определени факти, околности и докази треба повторно да се изведат, на нов главен претрес. Укажа на тоа и судот постапи по овие задолжителни упатства од Врховниот суд. Според тоа нема елементи и основи за никаква одговорност во конкретниот случај, рече Јовески.

Нагласи дека во овој момент е многу неблагодарно да се коментираат состојбите во предметот и додаде дека треба да се почека одбраната да ги изнесе своите завршни зборови и да ги анализира доказите.

– А тоа како Обвинителството гледа на изведените докази на главниот претрес, анализата и делот на одговорноста, и јавноста е запозната преку завршните зборови на јавните обвинители кои го застапуваат предметот, рече Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот