Јовески: Обвинителството истражува и други околности поврзани со плацевите на Водно

Љубомир Јовески/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Освен плацевите на Водно, за кои минатата недела обвинителство отвори истрага против поранешниот премиер Никола Груевски, првиот човек на Јавното обвинителство Љубомир Јовески вечерва во интервју за ТВ 24 рече дека се истражуваат и други недвижности во врска со овој предмет.

– Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацеви се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје. Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истражната постапка, рече Јовески.

Воедно, тој збореше и за случајот „Рекет”, односно истакна дека овој судски предмет воопшто нема да влијае на случајот „Империја”.

– Немаше ниту предмет да отвориме, ако не беше пријавата. И материјалните докази, снимките беа од сведокот и тогаш беше проценка на обвинителството кој интерес е поголем. Подобро е да се отвори тој предмет, да се утврдат фактите и да се понесе кривична одговорност на оние кои ги сториле, рече Јовески.

Тој додаде дека преземањето на предметите на СЈО е за да може кривичниот прогон непречено да се одвива.

– Истрагата за „Поштенска банка” е завршена и обвинителот веќе ја известил одбраната и обвинителот работи на донесување на обвинителска одлука. Обвинителството ќе излезе и со информација и каква ќе биде одлуката на јавниот обвинител по овој предмет, рече Јовевски.

Во врска со предметот „Попис” истрагата е завршена и обвинителката која постапува по предметот и изготвува јавно обвинителската одлука и во основа тој предмет се засноваше врз основа на прислушуваните разговори, но на обвинителството му е забрането да ги користи „бомбите” како докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот