Јовески: Обвинителството досега нема побарано замена на мерката куќен притвор за Мијалков со потешка

Фото: МИА

Државниот јавен Обвинител, Љубомир Јовески најави можност за промена на мерката куќен притвор за Сашо Мијалков по изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“. Во разговор за ТВ24, тој истакна дека одлуката што е на сила била донесена во момент кога полицијата го барала поранешниот директор на УБК.

– Жалбата беше повлечена оти решението за куќен притвор во тој момент не можеше да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка, со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство, а за петок е најавено објавување на пресудата, вели Јовески.

Сашо Мијалков од вчера попладне е во домашен притвор. Иако во решението за куќен притвор е определено целодневен аудио и видео надзор со електронска алка, сепак тоа не се спроведува бидејќи во Македонија не профункционира пробацискиот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот