Јовески: Не може да е терористички акт, ќе имаше траги од експлозијата

Љубомир Јовески во гостување на ТВ21 / 25 ноември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека страотната несреќа во која изгоре македонскиот автобус во Бугарија не може да е терористички акт.

Тој вели дека доколку се случило тоа, ќе имало траги од експлозијата.

„Извршена е експертиза во тој дел. Ако е терористички акт, тоа многу лесно се утврдува. Останува трага од експлозивот во било кој дел, и на автобусот и на телата“, рече Јовески.

Тој вели и дека очигледно било оти агенцијата „Беса транс“ не ги запазила сите процедури.

Тој вели дека уште додека биле во Бугарија наредиле да се заплени документацијата на превозникот, од каде биле известени дека нема списоци во писмена форма.

„Со самиот факт што автобусот ја напуштил територијата на Македонија без да има валидна документација, во делот на лиценцата, укажува дека до крај во рамките на дејноста на оваа туристичка организација не се запазувани сите процедури“, вели Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот