Јовески: Мијалков го подигна решението за домашен притвор, ќе биде спроведен на извршување на мерката

Фото: МИА

Врз основа на добиениte сознанија и преземениte дејства на Обвинителството, обвинетиот Сашо Мијалков, попладнево се јави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што му е врачено решението за домашен притвор, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за МИА.

Тој додаде дека по врачување на решението за домашен притвор, обвинетиот ќе биде спроведен на извршување на мерката.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред ЈО за гонење организиран криминал за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Поранешниот директор на сега згаснатата УБК е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ за кој пресуда треба да биде изречена в петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот